swMenuFree

Новости

МОИ 2019

XXIII Македонска Олимпијада по Информатика се одржа на 12.04.2019 (петок) и 13.04.2019 (сабота), во просториите на кампусот на International Balkan University (IBU).

Годинава Македонската Олимпијада по Информатика (МОИ) се одржа во паралела со International Balkan University Olympiad (IBUO), што им даде можност на нашите ученици да ги проверат своите знаења меѓусебно, а и во споредба со свои врсници од други земји. Натпреварувачите ги следеа агендите и на двата настана, а имаа можност да освојат медали и на двете олимпијади.

Повеќе информации за натпреварот можете да најдете овде.

Државен натпревар 2019

На 23 март 2019 година, во просториите на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство (ФИНКИ) на Технолошко-металуршкиот факултет (ТМФ) во Скопје, се одржа XXX Државен натпревар по информатика за учениците од средно образование и Државниот натпревар за учениците од основно образование 2019 - Информатичко размислување.

Повеќе информации за натпреварот за средно образование можете да најдете овде.

Повеќе информации за натпреварот за основно образование можете да најдете овде.

Регионален натпревар 2019

XXVII Регионален натпревар по информатика за средно образование и Општинскиот/регионален натпревар по информатика за основно образование 2019 се одржаа на 10 март 2019 година, во четири региона: Скопје, Струга, Струмица и Кавадарци.

Повеќе информации за натпреварот за средно образование можете да најдете овде.

Повеќе информации за натпреварот за основно образование можете да најдете овде.

© 2009-2019 Здружение на информатичарите на Македонија. Сите права се задржани.